Поврзете се со нас

Македонија

ТФТ промовираше уште едно засилување за новата сезона

Објавено

на

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ промовираше уште едно ново засилување за престојната сезона-тоа е 25-годишниот Еван Ленард.

Ленард е американски бек кој доаѓа во скопскиот состав од Универзитетот Ирвајн, каде во просек имаше 12,5 поени, 3,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар. Тој доаѓа во ТФТ како замена за Јован Моринг од кого клубот одлучи да се откаже.

Претходно составот од Тафталиџе ги доведе Виктор Ташовски, Андреј Маслинко и Тревон Бродвеј Џуниор што значи сите заедно ќе имаат задача да му помогнат на ТФТ во борбата на повеќе фронтови во наредната сезона на домашната и меѓународната сцена.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни