Поврзете се со нас

БИБЛ лига

ТФТ прокоцка голема предност против Академик

Објавено

на

Македонскиот претставник во БИБЛ, екипата на ТФТ прокоцка голема предност и остана без поени од дуелот со фаворизираниот Академик од Пловдив.

Бугарите победија на првата средба на домашен терен во балканската кошаркарска лига, но ТФТ имаше добра можност да се реваншира и да ја продолжи позитивната серија во својата сала.

Предводен од Херис, ТФТ стигна до предност од 35:21 по првиот период, а на полувреме водеше со 60:40.

Но, тоа не беше доволно, бидејќи Локомотив се врати во вториот дел, па дури и ТФТ беше во позиција да израмнува со тројка за продолжение.

Расположениот Херис израмни на 93:93 и го одведе дуелот во продолжение, каде бугарскиот претставник беше подобар и славеше со 102:104.

Двоецот Андерсон-Херис доминираше кај домаќините, постигнувајќи 37, односно 29 поени, додека на спротивната страна Томиќ реализирал 27 поени.

Со оваа победа, Академик останува со перфектен скор без пораз на првото место на табелата, додека ТФТ нанижа четири порази во серија и останува на само две победи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни