Поврзете се со нас

Македонија

ТФТ подобар од Гостивар, Еуро Никел доминираше против Вардар

Објавено

на

Еуро Никел не дозволи два пораза по ред на гостувањата во Скопје, па денеска рутински го совлада Вардар (68:94) во натпревар од македонското кошаркарско првенство, а малку подоцна ТФТ го доби дербито со Гостивар.

Иако без помошта на дел од своите најквалитетни играчи, кошаркарите на Еуро Никел лесно воспоставија резултатска контрола, брзо дојдоа до двоцифрена предност, а потоа само ја зголемуваа предноста до крајот на средбата.

Сигурниот триум е вкупно четврти за Еуро Никел сезонава, додека Вардар останува на дното со само една победа од шест натпревари.

Казарновски со 24 и Мијатовиќ со 19 поени биле најефикасни во победничкиот тим, додека кај Вардар, Лефкоски и Дујковиќ го завршиле дуелот со по 16 поени.

Многу понеизвесно беше на дуелот меѓу ТФТ и Гостивар, каде по одредени осцилации на двата тима, победникот беше решаван во последниот период.

Во тие последни десет минути, подобро се снајдоа домаќините, го добија со 26:15 и се изборија за победа со резултат 81:73.

Херис и Хортон со по 19 поени биле најефикасни кај ТФТ, додека во редовите на Гостивар се истакна Тодоровиќ со 20 поени.

ТФТ сега има ист ефект како Еуро Никел (4-2), додека Гостивар има ист број победи и порази по шест натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни