Поврзете се со нас

БИБЛ лига

ТФТ немоќен во Израел

Објавено

на

Кошаркарите на ТФТ Скопје претрпеа убедлив пораз од Ирони Нахарија (102-63) во рамките на третото коло во БИБЛ лигата.

Македонскиот прволигаш беше рамноправен противник само во првите 10 минути кои завршија со резултат 18-18 за да во продолжението домаќините бидат доминатни, надмоќни и се изборат за конечно славје од дури 39 разлика.

Двајца играчи во таборот на ТФТ беа двоцифрени и тоа Костоски со 13 и Хортон со 14 кошеви. Кај победникот листата на стрелци ја предводеше Драпиќ со 21 поен.

Клубот од Тафталиџе сега има учинок 1-2 во ова натпреварување, во следното коло му гостува на Академик Пловдив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни