Поврзете се со нас

БИБЛ лига

ТФТ не успеа да го запре бугарски Академик

Објавено

на

Кошаркарите на ТФТ Скопје го претрпеа првиот пораз во оваа сезона во БИБЛ лигата и тоа од тимот на Академик Пловдив од Бугарија.

Нашиот претставник беше рамноправен ривал, а како пресудна се покажа последната четвртина односно серијата на противникот од 8-0. Имено на 4:41 до крајот резултатот беше 66-66, но потоа гостите дадоа осум кошеви во низа и дојдоа до предност која беше недостижна за избраниците на Смилковски.

Хортон со 13 и Сапунџиев со 11 беа единствените двоцифрени играчи кај ТФТ, додека кај победникот Секулов и Гугињо дадоа по 19 поени и со тоа придонесоа Академик да ја продолжи серијата, максималниот учинок (четири од четири).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни