Поврзете се со нас

Македонија

ТФТ му зема мерка и на Куманово, сигурни победи за Гостивар и Пелистер

Објавено

на

Македонското кошаркарско првенство денеска донесе неколку натпревари, но немаше ниту една драматична завршница поради доминацијата на Вардар, ТФТ, Гостивар и Пелистер.

Програмата започна со дуелот Црн Дрим Грин мобиле-Вардар, а гостите го добија натпреварот со резултат 68:81. Ташовски и Прауел со 25, односно 21 поен биле најдобри поединци кај гостите од Скопје.

ТФТ успеа да ја продолжи победничката серија и на гостувањето кај Куманово (88:94), доминирајќи во најголем дел од натпреварот, а во завршницата скопскиот тим дозволи домаќините да стопат голем дел од својата голема предност.

За ТФТ ова е веќе седма победа во првенството, две помалку од лидерот Пелистер, а денеска најефикасни биле Андерсон со 21 и Херис со 20 поени.

Гостивар ја победи Академија ФМП со 92:81, а победникот беше решен во третиот период, односно на стартот на последната четвртина кога домаќините имаа плус 19. Фрајдеј со 29 и Вокер со 19 поени биле најрасположени за реализација во домашниот тим, додека кај гостите Крстајиќ реализирал 29 поени.

На последниот дуел, Пелистер рутински го совлада Кожув (102:81), со што им се врати на победите по првиот пораз кој го доживеа од ТФТ во претходната рунда.

Битолчани дозволија Кожув да биде ривал само во првиот период, по што ја преземаа контролата и славеа убедливо, а најефикасни биле Стајиќ и Кесар со по 21 поен.

Пелистер останува на врвот со ефект 9-1 по првите десет средби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни