Поврзете се со нас

АБА лига

ТФТ добро отвори, но претрпе трет пораз во АБА2 лигата

Објавено

на

ТФТ Скопје добро парираше против Златибор денеска на стартот на вториот турнир во АБА2 лигата, но македонскиот претставник го забележа и третиот пораз.

Тимот од Тафталиџе ќе почека за премиерната победа во новата натпреварувачка сезона во регионалното натпреварување, во кое денеска поакажа добро лице против шампионот Златибор, но не доволно за да се извлече поволен резултат.

Првата четвртина беше изедначена и двата тима ги делеше само половина кош (25:24), но оваа минимална предност за Златибор отиде на плус осум на полувреме, а набрзо стана и двоцифрена.

ТФТ успеа да се врати во третиот период на минус пет, но потоа следеше нова серија од Златибор, кој потоа рутински ја одржа двоцифрената предност до крајот.

Во поразот од 90:76 најдобар беше Костоски кој уфрли 12 поени, а двоцифрен беше и Ташковски кој постигна еден помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни