Поврзете се со нас

Балкан

Тежок удар за шампионските амбиции: Ријека го декласираше Динамо во големото дерби (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/NKRijeka

Големото дерби меѓу Ријека и Динамо беше означено како дуел кој е директна битка за титуалта, а ако се суди според денешниот резултат, актуелниот шампион е се подалеку од одбрана на трофејот.

Динамо изгледа далеку од шампионски оваа сезона во која врза доста лоши резултати, па така денеска настрада на гостувањето кај големиот ривал со убедливи 4:0.

Ријека го подготвуваше натпреварот со цел да го нападне противничкиот гол уште од првата минута, а таквата тактика вроди со плод уште во 27-та минута кога Џуахра погоди за 1:0.

ВЕднаш по првиот гол на Ријека, следеше втор жолт картон и автоматски црвен за гостинскиот фудбалер Канга, па така ова дерби почна да станува кошмарно за избраниците на Фабио Канаваро.

Две минути по исклучувањето, Јанковиќ погоди за 2:0, а до крајот на првиот дел видовме уште еден гол во мрежата на Динамо, оној на Петровиќ.

Уште во оваа фаза од натпреварот стана јасно дека Динамо ќе претрпи убедлив пораз, кој само беше запечатен со гол на Чоп за конечни 4:0. Аријан Адеми како капитен на Динамо беше стартер на овој меч и играше до 74-та минута, додека Стефан Ристовски остана неискористена резерва на клупата.

Ријека сега има седум бода предност пред Динамо како првопласиран тим на табелата, односно еден повеќе од Хајдук.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни