Поврзете се со нас

АТП

Тежок тест за првиот носител: Синер со три тај-брејка до победа над Беретени

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Првиот светски рекет и носител број еден на Вимблдон, Јаник Синер успешно ја мина и втората пречка на грен слемот што се одржува во Лондон.

Уште при самата ждрепка стана јасно дека Синер може да се соочи со голем, тежок предизвик во втората рунда со оглед на тоа што на другата страна за ривал го имаше Матео Беретини, а токму тоа се потврди на вечерашниот меч кој траеше скоро четири часа.

Беретини пружи силен отпор, освои еден сет против сонародникот, додека останатите три ги загуби во тај-брејк што јасно говори дека детали го одлучија победникот.

Јаник славеше со 7:6 (3), 7:6 (4), 2:6, 7:6 (4) и во следната рунда ќе ги одмери силите со Миомир Кецмановиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни