Поврзете се со нас

Англија

Тежок предизвик за бранителот на титулата: Премиерлигашко дерби ќе го одбележи 3.коло во ФА Купот

Објавено

на

Foto:twitter.com/EmiratesFACup

Познати се паровите за третата рунда на ФА Купот, фаза во која се вклучуваат клубовите од Премиер лигата и од Чемпионшип.

Манчестер Јунајтед одбраната на титулата ќе ја започне на гостински терен и тоа во Лондон против големиот ривал Арсенал. Ова дефинитивно ќе биде голем тест за избрнаиците на Рубен Аморим кои ќе мора да се соочат со „топчиите“ кои се состав со највисоки амбиции во сите конкуренции.

Друга премиерлигашка битка е онаа меѓу Астон Вила и Вест Хем, а пак фаворитите како Манчестер Сити и Ливерпул добија лесни ривали во имињата на Салфорд Сити и Акрингтон, средби кои ќе ги играат на домашен терен.

Оваа рунда од ФА Купот ќе се игра на почетокот на наредната година во периодот од 9 до 13 јануари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни