Тежок пораз за „соколите“ за крај на авантурата во ФИБА Еврокупот

ivan sapundjiev

Тимот на Карпош Соколи со убедлив пораз од Фалко Вулкано од 104-43 го заврши учеството во ФИБА Еврокупот.

Како што е познато македонскиот вицешампион го тресе огромна финансиска криза, клубот го напуштија сите првотимци, па оваа средба ја одиграа младите „соколчиња“. Поради тоа и не треба да чуди овој огромен пораз во кој Атанасов со 10 поени беше најефикасен, 9 уфрли Најдовски, а 8 даде капитенот Сапунџиев.

Кај гостите прво име беше Дурази со 21 поен и 19 скокови.

Карпош групата Х ја заврши со шест порази во шест натпревари.

Facebook Коментари