Репрезентација
Тежок пораз за Македонија на дуелот со домаќинот Египет

Македонската ракометна репрезентација го забележа и вториот пораз на Светското првенство, а денешниот од Египет (38:19) беше и поубедлив од тој на отворањето на мундијалот против Шведска.
Домашната селекција уште од почетокот почна да прави голема разлика, а на 10:3 веќе беше јасно дека тешко може да се подобри впечатокот во однос на деби настапот.
Во меѓувреме директен црвен картон заработи Филип Кузмановски што беше голем хендикеп за нашата репрезентација, а Египет на полувремето стигна до превисока предност 20:6.
Вториот дел донесе и дополнително подмладување на македонскиот состав, Лазаров, Стоилов и Талески останаа на клупата, а Египет без проблеми ја зголемуваше предноста, за на крајот да ни нанесе тежок мундијалски пораз (38:19).
Лазаров, Маркоски и Пешевски со по 3 голови беа најефикасни кај нашата репрезентација, додека во редовите на Египет се издвои Мамдух со 8 погодоци.
Во последното коло, нашата репрезентација ќе биде фаворит во дуелот со Чиле и очекуваме да стигне до првата победа на ова Светско првенство.

- НБАпред 23 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Италијапред 22 часа
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Англијапред 23 часа
Вернер: Се чувствувам виновен за отказот на Лампард
- Англијапред 20 часа
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 19 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Англијапред 18 часа
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Италијапред 21 час
Лукаку: Интер сака да се подобрува, Роналдо…
- Светпред 18 часа
Тадиќ предизвика хаос со капитенот на ПСВ во 92. минута, па едвај влезе во автобусот на Ајакс (Видео)