Поврзете се со нас

Лига Европа

Тежок пораз на Галатасарај во Холандија, Порто и Рома ремизираа на „Драгао“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ASRomaEN

Турскиот шампион Галатасарај претрпе убедлив пораз од Аз Алкмар од 4-1 во првиот натпревар од плејофот во Лига Европа.

Ова е резултат кој е вистински предизвик за избраниците на Бурук, резултат кој нема да биде лесно да се достигне без разлика што реваншот се игра во Истанбул.

Галатасарај губеше со 2-1 по првиот дел, потоа во 51 минута остана со играч помалку по исклучувањето на Ајхан, ситуација која домаќините ја искористија и преку Класи и Волфе дадоа уште два гола за плус три.

Порто и Рома пак ремизираа на „Драгоа“. Челик реализираше во првиот дел за гостите, возврати Моура во второто полувреме (ТУКА можете да ги погледнете головите)

Твенте пак го доби Бодо Глимт со 2-1, резултат со кој ФЦСБ славеше во Солун кај ПАОК.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни