Свет
Тевез со загрижувачка изјава за тројца фудбалери: Играат во Прва лига, но не знаат да собираат и да одземаат

Карлос Тевез се врати во тренерските води и го преземе Индепендиенте, но новата задача која ја има ја сфаќа максимално сериозно, порадишто подготвен е да понуди и едукација за своите фудбалери.
Аргентинецот во повеќе наврати има зборувано за тоа дека има огромна разлика меѓу фудбалот во Европа и Јужна Америка, а најпростиот пример го добил на еден од првите тренинзи како предводник на Индепендиенте.
Иако не сакаше да ги именува, Тевез откри дека тројца фудбалери од неговиот тим имаат огромен проблем со основаната едукација, бидејќи за време на една од вежбите се пожалиле дека не знаат собирање и одземање.
– Имам една вежба која се заснова на брзина, но во која треба да ви работи и логиката. Кога фудбалерот ќе се измори, бараме од него да реши една математичка задача. Еден од тренерите доаѓа до играчот со таблет и овој треба да даде точен одговор. Тројца играчи од нашиот тим ми кажаа дека не знаат да собираат и одземаат.
– Тука доаѓа до израз сиромаштијата и лошата едукација. Можеме да им дадеме јадење на децата, можеме да им овозможиме многу работи, но не им овозможуваме едукација. Има играчи кои не знаат да читаат и кои не знаат што потпишуваат. Ние сакаме да им помогнеме, со клубот ангажиравме професор и ќе им помогнеме на тројцата да студираат по крајот на тренинзите, – откри Тевез.
-
Италијапред 24 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 22 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Балканпред 24 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 22 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Англијапред 14 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Европски куповипред 23 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
АТПпред 14 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…