Поврзете се со нас

Свет

Тевез имал непријатен инцидент во својот дом, се појави на теренот како да излегол од бокс меч (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Independiente

Индепендиенте не знае за пораз откако тимот го презема Карлос Тевез, а позитивната серија продолжи и рано утрово кога фаворитот без проблеми славеше над Баракас со 3:1.

Најавата за овој натпревар доби неочекуван тек и до последен момент неизвесно беше дали Тевез ќе се појави на клупата, сето тоа како последица на инцидентот кој го имал во својот дом.

Според информациите, Тевез се лизнал во својата бања и заработил ужасна повреда на главата, па поради големата расекотина морало да му бидат ставени десет конци.

Карлитос бил однесен во болница од својата ќерка, па откако му била санирана раната и успеал да се соземе, не се двоумел и успеал да стигне навреме за натпреварот.

Тевез се појавил на теренот со капче на главата и со изглед како да излегол од бокс меч, но неговата посветеност и професионалност ги воодушеви фановите на Индепендиенте и добива големи пофалби за социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни