Поврзете се со нас

Македонија

Тетовче промовиран во Академија Пандев: Васоски позираше со новиот дрес!

Објавено

на

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев и официјално го потврди Александар Васоски како нов тренер, поточно наследник на Југослав Тренчовски.

Васоски во Струмица доаѓа од Вардар, а со него заедно пристигнуваат Раденко Бојовиќ кој ќе биде негов асистент и Тони Богдановски кој ќе се грижи за физичката подготвеност на играчите. Од таборот на „пандевци“ му посакаа добредојде на популарниот Тетовче и воедно му посакаа успешна работа во иднина.

Воедно Академија Пандев го обелодени и планот за зимските подготовки, првата прозивка е на 8 јануари, во Македонија ќе се работи до 20 јануари по што се заминува во Анталија на двонеделни припреми каде ќе се одиграат неколку пријателски натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни