Поврзете се со нас

Македонија

Тетекс, Башкими и Вардар Неготино го комплетираа изгледот на Втората лига

Објавено

на

Денешните бараж пресметки во Македонија го одредија изгледот на Втората фудбалска лига за наредната натпреварувачка сезона, односно се дозна кои три екипи ќе играат во втор ранг.

Најлесната задача ја имаше Тетекс кој покажа дека е далеку подобар тим од Осогово и го декласираше ривалот на натпреварот кој се одигра во скопско Маџари, односно постигна шест гола во мрежата на противникот.

„Штофарите“ уште во првиот дел постигнаа три гола и по рецептот на Вардар победија на најважниот меч во сезоната, па вториот дел беше само рутина и видовме уште четири гола.

Тетекс на овој начин опстана во Втората лига, а во овој ранг ќе ги гледаме и Башкими и Вардар Неготино. Башкими имаше доста лесен испит и го надигра Влазрими со 3:0, додека најголемата бараж драма денеска ја видовме меѓу Вардар Неготино и Новаци.

Неготинци се спасуваа од пораз во Кичево со гол во 89-та минута, но потоа беа подобри во пенал рулетот и славеа со 3:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни