Шпанија
Тешко повредениот Тер Штеген минува низ најтежок период и во приватниот живот (Фото)

Марк Андре Тер Штеген се опоравува од тешката повреда на тетивата на коленото и најверојатно ќе биде во аут до крајот на сезоната, а за време на овој тежок процес на спортски план, Германецот водел навистина тешка битка и во приватниот живот.
Германецот кој обично е недостапен за споделување за било какви лични информации, сега реши самиот да се огласи на социјалните мрежи, а причина за тоа е разводот со неговата сопруга Дани.
Голманот на Барселона самиот ја извести јавноста дека донеле заедничка одлука да се разделат, а во наредниот период бараат приватност од јавноста за да се заштитат себеси, но најмногу своите две деца.
– Здраво на сите….. По внимателно разгледување и размислување, јас и Дани решивме да тргнеме по свој пат. Како што можете да замислите, оваа одлука не беше лесна, но и двајцата веруваме дека тоа е најдобриот чекор за нас. Нашиот заеднички фокус е да го правиме она што е најдобро за нашите деца, обезбедувајќи тие да продолжат да имаат љубов и стабилна средина.
– Остануваме посветени да работиме заедно како родители и да се однесуваме еден кон друг со почит и ценење, како што и секогаш било случај. За време на оваа лична епизода, љубезно ве молиме за разбирање и почитување на нашата приватност, особено на приватноста на нашите деца. Ви благодариме, Дани и Марк, – гласи објавата на голманот.
-
Македонија19 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија23 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија21 час
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Европски првенства21 час
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 120 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Италија11 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Свет15 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)
-
Свет19 часа
Првенец за Енис во новата средина: Барди со мирна завршница ја потврди победата за Бодрумспор (Видео)