Поврзете се со нас

Шпанија

Тешко повредениот Гави се појави во тренинг центарот и имаше емотивна средба со Чави и соиграчите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Пабло Гави ја заработи најтешката повреда во кратката кариера и сега долго ќе мора да оди на рехабилитација, бидејќи пред него е тешка операција на десното колено.

Играчот за врска го оштети предниот вкрстен лигамент и менискусот на мечот против Грузија кој немаше некој посебен натпреварувачки карактер, па тоа што требаше да претставува ревија се претвори во вистински кошмар за Гави, Чави и сите фанови на Барселона.

Шпанските медиуми открија дека 19-годишниот фудбалер бил во многу лоша психолошка состојба по претрпената повреда, а денеска за првпат пристигнат во тренинг центарот на својот клуб.

Гави имал емотивна средба со Чави, неговиот стручен штаб и со сите соиграчи, па дел од прегратките ги одработил и со солзи во очите.

Неуморниот борец нема да може да им помогне на своите соиграчи до крајот на сезоната, но овие се обидоа да го охрабрат со прегратки и зборови за поддршка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни