Поврзете се со нас

НБА

Тешки порази за Далас и Милвоки, Кари броеше до 45 за победа на Голден Стејт

Објавено

на

Лука Дончиќ и неговите соиграчи од Далас ја започнаа новата НБА сезона со катастрофален настап во Атланта и убедлив пораз од Хоукс (113:87).

Атланта го задржа Дончиќ на само 19 поени на оваа средба, па ја отвори сезоната со победа, во која Редиш постигнал 20, а Јанг 19 поени.

Тежок пораз доживеа шампионот Милвоки кај Мајами (137:95), кој беше најавен уште по првиот период кој Хит го доби со 40:17. Хиро со 27 поени и Батлер со 21 поен се истакнале во домашниот тим.

По триумфот над Л.А Лејкерс, Голден Стејт славеше и против Клиперс (115:113), а Стеф Кари повторно беше најдобар на теренот.

Ѕвездата на „воините“ реализирал 45 поени со 10 асистенции, додека кај Клиперс, Џорџ реализирал 29 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни