Поврзете се со нас

Свет

Тешки моменти за соиграчот на Митревски: Кинтана е во критична состојба

Објавено

на

Португалските медиуми пренесуваат дека ситуацијата со Алфредо Кинтана не е позитивна и голманот на Порто се бори за живот.

Соиграчот на нашиот репрезентативец Никола Митревски, денеска доживеал застој во работата на срцето веројатно предизвикан од срцев удар, по што бил итно префлен во најблиската болница.

Последната вест од Порто е дека Кинтата е на интензивна нега и во критична состојба, додека истовремено добива поддршка од сите страни.

Кинтана му беше голмански колега на Митревски во редовите на Порто, а неодамна беше дел и од португалската репрезентација на СП во Египет.

Порто се подготвуваше за средбата од Лигата на шампионите против Мешков, која е закажана за во среда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни