Поврзете се со нас

Италија

Тешка повреда: Играч на Милан се враќа во Италија во инвалидска количка (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Исмаел Бенасер не го одигра дербито против Лацио поради повреда, но и покрај тоа доби повик од репрезентацијата на Алжир и доби зелено светло од Милан за настап за националниот тим.

Ова на крајот се покажа како огромна грешка на самиот фудбалер и сите медицински лица од Милан и Алжир, бидејќи играчот за врска заработи тешка повреда на мускулот и сега ќе биде во аут со месеци.

Бенасер нема среќа со повредите и тоа го оневозможи да прерасне во очекуван лидер во средниот ред на Милан, а последната епизода е до толку лоша, што клубот од „Сан Сиро“ сигурно ќе планира и да го продаде во блиска иднина.

Повредата на мускулот е од сериозен карактер и во најмала рака ќе отсуствува три месеци, за што сведочи и фотографијата која пристигна од аеродромот во Алжир.

Бенасер бил виден на чекирањето на карти за Милано во инвалидска количка, па јасно е дека пред него е долг процес на рехабилитација, во кој можеби ќе биде вклучена и операција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни