Германија
Терзиќ за последната драма со Халанд: Не можам да ги спречам…

Пред Борусија Дортмунд е тежок меч со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, а во пресрет на истиот тренерот на „милионерите“, Един Терзиќ даде свој коментар за последните случувања со Ерлинд Халанд.
Халанд е на мета на најголемите светски клубови, а неговите застапници, најблиски луѓе, татко му Алф-Инге и агентот Мино Раиола веќе се фрлија на работа и беа во Шпанија каде разговараа со Барселона и Реал Мадрид.
Се појавија информации дека истото ќе го направат и со дел од клубовите од ПЛ, па целата ситуација наиде на критики на дел од јавноста, a најдиректен беше поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман.
Хаман удри по Дортмунд и застапниците на Халанд: Ова е срамно…
Терзиќ не сакаше премногу да зборува, да навлегува затоа што тој смета дека е доволно она што го гледа од Халанд на тренинзите и натпреварите.
-Нема никакви влијание врз мене затоа што јас не можам да ги спречам Раиола и Алфи Халанд да патуваат. Од нив зависи, тие се возрасни и можат да изберат што сакаат да направат. Едноставно, можам да имам влијание врз Ерлинг и среќни сме што го имаме во нашиот тим.
-Тој е со нас од минатиот четврток кога се врати од репрезентацијата на Норвешка. Чувството што го имавме од самиот почеток беше дека тој е многу среќен што нè виде и ние сме многу среќни што го имаме покрај себе.
-Се работи за фино момче, неговите квалитети се добро познати низ целиот свет и ние сме горди и среќни што тој е дел од нашиот тим, -порача стратегот на бундеслигашот.

- Италијапред 23 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Англијапред 20 часа
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Англијапред 22 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Италијапред 17 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Шпанијапред 22 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Италијапред 24 часа
Смолинг доживеал „криминалистички филм“ во својот дом, под закана го отворил и сефот
- Англијапред 22 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 19 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин