Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Терзиќ пред финалето: Да играме десет пати со Реал…

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Един Терзиќ минатата сезона остана на дофат на титулата во Бундеслигата и доживеа големо разочарување, но клубот го поддржа во најтешките моменти и му овозможи да го води тимот и оваа сезона.

Борусија немаше толку добра сезона во домашното првенство, но сепак успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампиони, а сега во ова натпреварување ќе се бори за титулата европски шампион.

„Милионерите“ оваа сабота ќе го предизвикаат најуспешниот тим во историјата на Лигата на шампиони, па иако Германците влегуваат како апсолутени аутсајдери, Терзиќ верува дека во еден меч се може да се случи.

– Во сабота ќе се спротивставина на исклучително силен тим кој е навикнат да игра во финалињата во ЛШ. Сепак, одиме на тој меч со мисли дека се може да се случи на еден натпревар.

– Да играме десет пати со Реал Мадрид, веројатно тешко дека ќе победиме севкупно, но на еден меч, во 90-120 минути, или пенали, можеме да го победиме било кој тим во светот, – изјави Един Терзиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни