Германија
Терзиќ откри зошто Белингем не одигра ниту една минута во клучниот меч за титулата

Борусија Дортмунд си пукаше во колено во последното коло во Бундеслигата и остана без трофејот кој го планираше цел град, па така Баерн Минхен 11-ти пат по ред стана национален шампион на Германија.
„Милионерите“ влегоа како апсолутни фаворити во дуелот со Мајнц и многумина очекуваа голеада во мрежата на гостите, но на крајот видовме тензичен и возбудлив меч, во кој фаворитот се спасуваше од пораз.
Сепак, ремито од 2:2 беше недоволно за титула поради победата која ја оствари Баерн во Келн, а на клучниот натпревар за титулата, тренерот Един Терзиќ не му даде ниту една минута на најголемата ѕвезда.
Џуд Белингем ги одработи последните два тренинга на Борусија пред натпреварот и се чинеше дека ќе има важна улога за трофејот, но на крајот не беше стартер, а не влезе ниту од клупата.
– Белингем изгледаше многу добро во петокот на тренинг, но ми се приближи мене лично пред натпреварот и ми призна дека не е 100 проценти подготвен да му помогне на тимот. Порача дека најдобро е друг играч да игра на негово место.
– Работеше напорно неколку дена за да биде со нас на теренот, но не се чувствуваше добро и на загревањето пред мечот. Сакав да му дадам барем некоја минута во продолжение, но натпреварот доби вртоглав тек и на крајот ставив само напаѓачи. Затоа Белингем не одигра ниту една минута. За жал, неговите солзи најдобро покажаа што чувствува за ваквиот расплет, – изјави Терзиќ.
-
Англијапред 22 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 21 час
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 9 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Англијапред 21 час
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 22 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 24 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 23 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд