Поврзете се со нас

Германија

Терзиќ: Останува уште еден чекор, емоциите ќе ги оставме за последното коло

Објавено

на

foto: twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд го искористи киксот на Баерн Минхен, па со славјето над Аугзбург од 3-0 се врати на првото место на табелата во Бундеслигата или поточно одново е во пол позиција за пехарот и тоа на едно коло до крајот на шампионатот.

„Милионерите“ имаат се во свои раце за да ја прекинат доминацијата на Баерн во германскиот фудбал, односно победа над Мајнц во завршната рунда ќе значи враќање на титулата на „Сигнал Идуна Парк“ по 2012 година.

Сепак има уште еден предизвик кој мора да се одработи, максимално да се одговори на тој тест и затоа внимателен е предводникот на „жолто-црните“, Един Терзиќ.

-Убаво е да се биде во оваа ситуација. Сега сме многу поблиску до титулата пред викендот. Останува последниот чекор, мораме да победиме на нашиот стадион пред нашите навивачи за да ја вратиме титулата во Дортмунд. Уште не сме шампиони. Да ги оставиме емоциите за последното коло, -порача Терзиќ.

Борусија има два бода повеќе од Баерн кој во 34. рунда се соочува со Келн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни