Поврзете се со нас

Германија

Терзиќ: Останав вџашен од еден квалитет на Милан

Објавено

на

Foto:twitter.com/BlackYellow

Борусија Дортмунд има за цел да фати топ четири во Бундеслигата и да се покаже во најдобро светло во Лигата на шампионите по болниот крај на минатата сезона, во која тимот остана без титулата во последното коло, но и без најголемата ѕвезда.

Заминувањето на Џуд Белингем се чувствува во тимот на Един Терзиќ и Борусија игра доста променливо од стартот на сезоната, а утре ќе го има најголемиот тест во клучниот меч со Милан.

На Борусија ќе и одговара и бод во пресметката со Милан на „Сан Сиро“, но доколку успеа да оствари победа, „милионерите“ математички ќе обезбедат пласман во осминафиналето.

Тренерот Терзиќ е свесен дека неговиот тим ќе мора да одигра перфектен натпревар за го урне Милан на негов терен, особено после она што го видел пред три недели против ПСЖ.

– Милан е тим кој е многу добро организиран и опасен во контра напади. Утре ќе мора да имаме максимален фокус за да имаме било какви шанси. Го гледав последниот меч на Милан во Лигата на шампионите против ПСЖ. Останав вџашен од нивната дефанзивна дисциплина. Играчите на ПСЖ не можеа да креираат ништо откако први дадоа гол, – изјави Терзиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни