Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Терзиќ им порача на „кралевите“: Време е нивната серија да заврши

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд ќе ја има улогата на аутсајдер во утрешното финале против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но работите се едни на хартија, други на терен или поточно „кралевите“ ќе мора да ја оправаат таа улога на зелениот тепих на „Вембли“.

Реал сака да ја освои 15. титула во ова натпреварување, додека Борусија ја брка само втората или поточно прва по 1997 година. „Милионерите“ се мирни пред ова соочување, но и имаат самодоверба по добрите настапи во кампањата, па тренерот Един Терзиќ дури и му се закани на шпанскиот великан порачувајќи му дека е време за крај на неговата победничка серија во финалните средби.

-Тренерот за финалето е подготвен. Се е фокусирано на овој еден меч. Во игра се е можно. Ако некој го покажал тоа, тоа сме ние. Време е оваа серија (на Реал Мадрид), осум натпревари, осум победи во финалиња, да заврши, -порача Терзиќ.

Инаку Реал последен пат загубил битка за пехар во оваа конкуренција во 1981 година и тоа од Ливерпул кој славел со 1-0 со погодокот на Кенеди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни