Поврзете се со нас

Германија

Терзиќ ги погоди замените, резервистите донесоа пресврт за Борусија (Видео)

Објавено

на

Борусија Дортмунд ја оствари и втората победа во второто коло на германската Бундеслига, денеска совладувајќи го тимот на Фрајбург како гостин со 1:3.

Фрајбург водеше од 35. минута со голот на Грегорич, но гостите беа трпеливи, а ги искористија и добрите замени на тренерот Един Терзиќ.

Резервистите-тинејџери, Бајно-Гитенс и Мукоко му донесоа целосен пресврт на гостинскиот тим, а уште еден резервист, Волф, во завршницата ги постави конечните 1:3.

За Фрајбург ова е прв пораз во новата сезоа, додека Борусија барем по ова коло ќе биде на врвот со максимални шест бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни