Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Терзиќ: Финале не се игра, финале се добива!

Објавено

на

foto: x.com/BVB

Борусија Дортмунд ќе се обиде да дојде до вториот трофеј во Лигата на шампионите, но за да се случи тоа ќе мора да го мина последниот чекор, последната пречка која е Реал Мадрид, клубот со најмногу освоени пехари во ова натпреварување.

Никој не очекуваше дека „милионерите“ ќе стигнат до оваа фаза, но тие одеа чекор по чекор, прво ја минаа „групата на смртта“,па преку ПСВ, Атлетико Мадрид и Пари Сен Жермен се изборија за позиција за испишат историја и тоа на култниот „Вембли“.

Тие му ја препуштаат фаворитската улога на Реал, ама во исто време веруваат во своите способности, квалитети дека можат да го донесат пехарот во Дортмунд.

-Подготвени сме да се натпреваруваме на највисоко ниво. Можеби ако играте 10 пати против Реал Мадрид, тоа е многу тешко. Ако играте 34 пати, тоа е невозможно. Но, ако се се сведе на еден натпревар, финале, се е можно. Јасно е дека ја имаат улога на фаворити. Не ни е грижа. Не бевме фаворити ниту против Атлетико или ПСЖ.

-Финале не се игра, финале се добива и тоа е нашата цел. Среќни сме што сме тука, но мораме да победиме на „Вембли“ против Реал Мадрид за да го држиме тој трофеј во наши раце, -порача тренерот на Борусија, Един Терзиќ.

Средбата се игра вечерва од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни