Поврзете се со нас

Свет

Терористички напад во Брисел ги потресе фудбалерите, натпреварот меѓу Белгија и Шведска прекинат на полувреме! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BelRedDevils

Натпреварот меѓу Белгија и Шведска нема да го дочека својот крај оваа вечер, откако гостинските фудбалери одлучија да не излегуваат на теренот за второто полувреме.

Резултатот по првиот дел беше 1:1, но во овие моменти во Брисел никој не зборува за фудбал, бидејќи непосредно пред натпреварот се случил терористички напад во кој биле убиени двајца фанови на Шведска.

Белгиските медиуми информираат дека терорист кој е припадник на ИСИС извршил неочекуван напад во центарот на Брисел пред натпреварот, кога застанал со скутер и почнал да пука со огнено оружје.

Засега потврдено е дека со смртни последици завршиле две личности кои на себе носеле дресови на Шведска, а тешко повреден е уште еден случаен минувач кој е итно пренесен во болница.

Поради овој немил настан, Швеѓаните решија да не излегуваат на теренот во вториот дел, па прашање е кога и каде ќе се доигра натпреварот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни