Терористички напад пред „Стад де Франс“, најмалку 100 мртви во Париз! (Видео)

stad-de-frans

Франција го доби пријателскиот натпревар со Германија со 2:0, но резултатот и сето она можевме да го видиме на теренот остана во сенка на немилите настани кои се случија надвор од „Стад де Франс“ и на неколку места во француската престолнина.

Како што јавуваат француските медиуми, до овој момент, најмалку 100 лица го загубиле животот во дури шест терористички напади кои се извршиле изминатава ноќ во Париз, од кои дури три во близина на „Стад де Франс“ за време на пријателскиот меч меѓу Франција и Германија.

Впрочем, еден од бомбашките напади можеше да го чујат сите присутни на стадионот во Париз и фудбалерите кои подзастанаа за момент, а по натпреварот француската федерација информираше дека од последниот напад кој бил најблизок до „Стад де Франс“, три лица го загубиле животот и неколку се потешко повредени.

– Три лица беа убиени и уште неколку се повредени по бомбашкиот напад во близина на влезот Ј од стадионот, – изјавил претседателот на фудбалската федерација на Франција, Ноел Ло Грат.

Имено, присутен на вечерашниот натпревар бил и францускиот претседател Оланд, но тој бил експресно евакуиран од стадионот.

Еден од бомбашките напади може да се чуе на следното видео на кое може да се забележи и збунетата реакција на фудбалерите…
stad-evakuacijastad-evakuacija1

Facebook Коментари