Терим: Судијата Оливер доживеал психолошка траума по досудениот пенал за Реал

juve-besni

Порто успеа да го победи Галатасарај во Лигата на шампионите, а тренерот на поразената екипа, Фатих Терим имаше сериозна забелешка за судијата Мајкл Оливер.

Турскиот стручњак е убеден дека имало чист пенал за Галата во ситуацијата кога Макси Переира имаше дуел со Сердар Азиз, а по натпреварот го поврза овој инцидент со спорниот пенал од дуелот Реал Мадрид-Јувентус кој го „прослави“ Оливер минатата сезона.

– Сите се убедени дека имаше пенал, но очигледно судијата Оливер сега станал поселективен во досудувањето пенали по натпреварот меѓу Реал и Јувентус. Тој пенал му предизвика психолошка траума затоа што тогаш направи грешка, со што директно влијаеше на случувањата во Лигата на шампионите. Сега го игнорираше прекршокот над Сердар, се надевам дека контролорите на УЕФА ќе си ја завршат работата, – истакнал Терим.

Facebook Коментари