Поврзете се со нас

Балкан

Терим откри зошто Алиоски не завршил во Галатасарај: Ни побара…

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски и понатаму е без конкретен ангажман откако ја заврши приказната со премиерлигашот Лидс Јунајтед.

Алиоски се поврзуваше со доста клубови во Европа и надвор од неа, а меѓу нив беше и турскиот великан Галатасарај. Во повеќе наврати медиумите известуваа дека трансферот е готов, односно дека Џани се сели во Истанбул.

Меѓутоа тоа свенариот дефинитивно нема да се реализира и за тоа потврда е изјавата на предводникот на Галатасарај, легендарниот Фатих Терим кој отворено призна дека не се согласил за ангажман на македонскиот репрезентативец.

-Алиоски ни побара 7,5 милиони евра за три сезони. Плус не е класичен лев бек. Одбив да го ангажираме, -истакна Терим пред дуелот со ПСВ во квалификациите за ЛШ.

Последниот клуб со кој дефанзивецот беше поврзуван е Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Џани по стапките на Паулињо: Алиоски има милионска понуда од Ал Ахли!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни