Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тери за нереалната сцена на „Стемфорд Бриџ“: Мурињо беше сокриен во контејнер и дојде во соблекувалната!

Објавено

на

Жозе Мурињо доби суспензија за четвртфиналните дуели против Баерн Минхен во Лигата на шампионите во 2005-та година, непосредно откако неговиот Челси ја елиминираше Барселона во двата спектакуларниот дуели во осминафиналето.

Португалецот беше казнет со два меча поради лажни обвинувања дека Рајкард влегол во собата на судиите за време на првиот меч на „Камп Ноу“ кој Барселона го доби со 2:1, па иако можеше да ужива во пресвртот на неговиот тим на „Стемфорд Бриџ“ со резултат 4:2, не беше во можност да го води тимот на натпреварите против Баерн.

Речиси петнаесет години подоцна, самиот Мурињо обелодени дека успеал да ја „изигра“ УЕФА и тој се нашол во соблекувалната на „Стемфорд Бриџ“ за време на првиот меч со Баерн кој неговиот тим го доби со 4:2, такашто во подтрибинскиот простор и внатре во соблекувалните бил донесен во метален контејнер. Откако самиот го откри ова, сега право да зборуваат за оваа луда случка добија и легендарните фудбалери, со тоа што денеска се јави некогашниот капитен Џон Тери.

– Ако некој можеше да направи такво нешто, тоа беше Мурињо. Но, сите беа толку исплашени и толку го почитуваа, што оваа случка никогаш не се откри додека самиот не ја обелодени. Ви кажа на вас дека тој беше во метален контејнер и мораше да биде донесен од надвор во соблекувалната. Кога беше донесен, едвај чекаше да излезе и да земе воздух, но како што сите го знаеме, веднаш се фати за работа. Скокна од контејнерот и го одржа својот говор.

– Тактички се беше перфектно, но тоа беше нереален момент. Знаевме дека ќе го направи тоа, ни кажуваше за време на средбите пред натпреварот и не бевме изненадени. Тој ги минуваше сите граници за да знаеме дека тренерот е тука за нас. Тој се однесуваше како татко кон нас и сакаше да се чувствуваме сигурни пред да излеземе на теренот, – открива Тери за „БеИН спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни