Поврзете се со нас

Англија

Тери за двете ѕвезди за кои Челси немаше трпение: Требаше да направам повеќе како капитен, разочаран сум од себе

Објавено

на

Foto:instagram.com/johnterry.26

Џон Тери е една од најголемите легенди на Челси кога е во прашање поновата историја на премиерлигашот од „Стемфорд Бриџ“.

Тери ги фати најубавите времиња на клубот од Лондон, периодот во кој овој тим беше еден од најдобрите на светот и тој како лидер, капитен имаше можност да се радува на многу пехари, да крене многу титули.

Меѓутоа низ таа епизода има работи за кој Џон посакува поинаку да се одвивале, поточно до ден денеска жали за тоа што не им помогнал доволно за Кевин Де Брујне и Мохамед Салах, двајца играчи кои Челси ги имаше во раце, но и двајца асови кои блеснаа, направија супер кариери, станаа големи фудбалери откако си заминаа од премиерлигашот.

-Не верував дека ќе станат вака големи играчи, никако. Тоа е моето едно разочарување како капитен. Јас омекнував како што минуваа годините, но кога тие момци беа таму бев многу дисциплиниран во групата и многу силен.

-Веројатно им требаше рака околу рамото, да се седне со нив, да се разговара и можеби можев да им помогнам да се вклопат во средината. Разочаран сум од себе како капитан и жалам за тоа. Не би рекол дека ќе отидат на нивоата до кои стигнаа, нема шанси, -вели легендарниот англиски дефанзивец.

Тери се откажа од неговиот сон: Знам дека тоа нема да се случи

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни