Поврзете се со нас

Англија

Тери си замина од Астон Вила и најави нешто поразлично: Се надевам дека ќе го остварам зацртаното

Објавено

на

По три години минати во Астон Вила, Џон Тери реши да се повлече од улогата како асистент во клубот од Бирмингем, откако легендарниот капитен на Челси проценил дека е вистинско време за правење чекор во поинаков правец.

Поранешниот стопер има јасна идеја за тоа како треба да се развива неговата тренерска кариера, па по искуството кое го собра како помошник во Астон Вила, сега сака да посетува различни клубови од Европа и да го учи занаетот од повеќе тренери.

– Огромна чест и привилегија беше да ги минам овие три години во Астон Вила, но сега чувствувам дека е вистинско време за носење на екстремно тешка одлука. Мора да продолжам напред и да преземам друг чекор.

– Сакам да покажам почит кон менаџерот и кон сите вработени во Астон Вила, а тоа немаше да биде така ако ја започнев сезоната со нејасни мисли за мојата иднина.

– Мојот првичен план е да минам квалитетно време со семејството, а потоа сум подготвен за нешто поразлично. Се надевам дека ќе обезбедам повици од европски клубови и европски тренери, со цел да го надградам искуството во обидот да станам самостоен менаџер. Отсекогаш сакав да бидам менаџер и правам се за да го остварам тоа, – вели Џон Тери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни