Англија
Тери го откри лудиот трик на Мурињо за задржување време: Тоа правило не го знае ниту судијата!

Џон Тери во два наврати соработуваше со Жозе Мурињо и најголемите успеси на клупски план ги оствари токму со Португалецот, со кого инаку изгради и фантастичен однос и надвор од теренот.
Легендарниот капитен на Челси во повеќе наврати има посочено дека Жозе е најдобриот тренер кој го имал во кариерата, но на моменти до толку бил фасциниран од него, што сфаќал дека не ги знае сите правила за фудбалската игра.
Како специјален гостин во студиото на „БеИН Спортс“ за време на натпреварот меѓу Шпанија и Мароко, Тери открил неверојатна анегдота поврзана за Мурињо, со која истовремено обелодени дека и судијата не го знаел правилото кое тој и Кејхил го дознале од нивниот менаџер.
Имено, Жозе го користел правилото за да задржува време при минимално водство на Челси, што само покажува како перфекционист и тактичар е Мурињо.
– На Мурињо му беше важно само да победува, не му беше важно ништо друго. Тој правеше се што треба да се направи за да победи. Се сеќавам и на едно лудо правило. Правилото гласи вака: Ако водиме 1:0 и ако топката е испратена во нашиот шеснаесетник, јас и Кејхил требаше да завршиме на земја и да се жалиме на повреда. Во таква ситуација, ако има двајца дефанзивци на тревата, судијата немал право да не отстрани надвор од теренот додека не добиеме лекарска помош.
– Во последните 10 и 15 минути бараше од мене и Кејхил постојано да паѓаме двајцата во шеснаесетникот, бидејќи така не може да не извади од игра. Искрено, двајцата никогаш немавме слушнато за тоа правило. Кога ќе добиевме топка во шеснаесетник, Кејхил прв завршуваше на земја, а потоа и јас. Судијата на еден меч ни порача двајцата да го напуштиме теренот, но го потсетив на правилото и му реков да се консултира со асистентот. Мурињо беше во право. Тој беше толку понапред од другите, дури и во вакви мали нешта. Затоа е неверојатен, – вели Тери.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар