Поврзете се со нас

Свет

„Теренот“ е подготвен: Нејмар ќе добие нов клуб до крајот на преодниот рок

Објавено

на

Foto:instagram.com/neymarjr

Еден од најдобрите бразилски фудбалери, Нејмар Жуниор ќе добие нов клуб до крајот на зимскиот преодон рок.

Офанзивецот го напушта Ал Хилал и Саудиска Арабија и неговата нова дестинација ќе биде неговата татковина ако нема некој пресврт во последен момент.

Италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо информираше дека Нејмар ќе се врати дома и тоа во редовите на Сантош. Постигнат е усмен договор и сега остануваат само уште неколку детали да се заокружат пред да се официјализира зделката.

Напаѓачот кажал „ДА“ со тоа што останува да видиме дали ова ќе биде позајмица или пак Ал Хилал и Неј ќе ја раскинат соработката која засега е со важност до крајот на кампањава, па тој како слободен фудбалер ќе се обврзе на нова љубов кон Сантош, тимот во кој настапуваше како дете и потоа се промовираш во сениорскиот фудбал и голема сцена.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни