Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тер Штеген за тактичкиот потег на Чави: Ни дава повеќе рамнотежа…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона утре го пречекува Наполи во реванш средбата од осминафиналето на Лигата на шампионите, дуел кој е од исклучително значање за каталонците како за целата сезона така и од аспект на финансиски план.

Шпанскиот првак беше подобар на првиот меч, ама на крајот мораше да се задоволи само со реми од 1-1 што значи дека двете екипи ќе почнат од „нула“ и се е отворено.

Марк Тер Штеген како лидер и човек кој најчесто ја носи капитенската лента со оглед на тоа што Серхи Роберто не е во прв план кај  Чави Ернандес, верува во добар настап и притоа го пофали тактичкиот потег на тренерот да го игра Андреас Кристенсен како последен играч за врска.

-Кристенсен како играч од средниот ред ни дава повеќе рамнотежа помеѓу линиите во одбраната и нападот, тоа беше одлука која ја донесе Чави и многу ни дава, тој ми изгледа самоуверен и смирен дури иако на почетокот не беше многу, многу комотен во новата позиција, -истакна Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни