Поврзете се со нас

Шпанија

Тер Штеген за Халанд: Секој тим со него ќе биде подобар, тој е напаѓач…

Објавено

на

Ерлинг Халанд е еден од најдобрите млади играчи на светот, играчи од кои се очекува да владеат и бидат во фокусот на големата сцена во наредите 10-15 години.

Поради неговиот талент, потенцијал, квалитет, секоја голема екипа сака да го види во своите редови, но меѓутоа навистина е под голем знак прашалник дали некој клуб ќе може да си го дозволи ова лето со оглед на тоа што Борусија Дортмунд бара луда сума за напаѓачот.

Барселона е еден од тимовите кој се става во редот за Халанд, па првиот голман на шпанскиот вицешампион Марк Андре Тер Штеген проговори искрено за Норвежанецот.

-Неговиот стил на игра и голови е импресивен. Кога ќе видите видеа на кои тој трча од својата половина кон напред во полн спринт и ја погодува топката со сите сили, тоа е фантастично. Тоа е чиста волја, не можете тоа да го тренирате. Или ја имате или ја немате немате таа волја. Халанд би го направил секој тим во светот подобар. Но, тоа не значи дека нема да остане во Дортмунд.

-Дортмунд е е многу добро управуван клуб во кој е направена одлична работа во последните неколку години. Зошто не треба да остане таму уште една година? Тоа во никој случај не би бил чекор назад. Ако си замине, новиот негов клуб ќе има неверојатен напаѓач во следните 10 години, -вели Тер Штеген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни