Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тер Штеген собра сила и конечно се огласи откако прими осум гола од „баварската машина“ (Фото)

Објавено

на

Баерн Минхен во петокот работеше како „баварска машина“ и комплетно ја сомле Барселона во четвртфиналето во Лигата на шампионите, нанесувајќи и пораз кој ќе се памети со години и кој веќе има историско значење во најелитното натпреварување на стариот континент.

Резултатот 8:2 изгледа нестварно за било кое ниво на фудбал, но кога станува збор за еминентен меч од четвртфиналанта фаза во најсилна конкуренција, навистина не е чудно што во изминативе 30-тина часа пристигнаа безброј реакции за историскиот потоп на Барселона.

Иако сите играчи предводени од Кике Сетиен потрфрлија на теренот, убедливо најтешко му беше на Марк Андре Тер Штеген, човекот кој ќе остане запаметен по тоа што примил дури осум голови на еден натпревар.

На Германецот секако му требаше време да се прибере, но доцна синоќа собра сила и им ја испрати првата порака на фановите на Барса.

– Навистина тешки времиња. Каталонци, навистина многу жалам за она што се случи вчера. Не сакам да барам изговори,  бидејќи такво нешто не постои. Дефинитивно, потребни ни се промени, – гласи пораката на Тер Штеген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни