Тер Штеген се жалеше што не добива шанса во репрезентацијата на Германија, Ноер му одговори: Кажи ми го тоа во лице…

Neuer

Голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген игра одлично во својот тим но се уште не може да се избори за стандардно место во репрезентацијата на Германија.

Незадоволен со статусот кој го има меѓу „панцирите“, Тер Штеген се пожали дека не знае што друго да нарпави за да се избори за стартно место во селекцијата.

Сега на таквите коментари реагираше Мануел Ноер, човекот кој долго време е број еден на голманската позиција во Германија.

– Слушнав што рече и не ми се допаѓа тоа затоа што можеше тоа да го каже директно, во лице. Ние сме тим и треба да направиме се што е можно за да победиме. Искрено, мислам дека единствената причина што тој е на клупата е што јас бранам добро, -истакна Мануел Ноер.

Facebook Коментари