Поврзете се со нас

Европски првенства

Тер Штеген самостојно се отпиша од Европското првенство: Го пропуштам турнирот со Германија (Фото)

Објавено

на

Марк Андре Тер Штеген вчера го одигра последниот натпревар на „Камп Ноу“ оваа сезона, а тоа испадна дека е последниот меч за Германецот во тековната натпреварувачка сезона, бидејќи по советите со лекарите, решил одново да оди на операција за санирање на повредата која му создавала мали, но непријатни проблеми.

Тер Штеген ја оперираше тетивата на коленото минатата година, но сега одлучи да го промени хирургот и одново да замине под нож со цел комплетно да ги реши сите проблеми.

Претходно, Тер Штеген беше опериран од Рамон Кугат во Барселона, но сега заминува во Шведска и ќе биде опериран од специјалистот за тетиви на колена, Хакан Алфредсон. За жал, оваа вест значи дека Тер Штеген го пропушта претстојното Европско првенство со селекцијата на Германија и нема да биде дел од последниот турнир на селекторот Јоаким Лев.

– Разочаран сум за вчерашниот пораз и тоа што веќе немаме шанси за титулата во Ла Лига. По комплицираниот старт на сезоната, докажавме добар карактер и на 19 меча бевме непоразени, но не успеавме да ја задржиме таа форма. Заедно со медицинскиот тим на клубот одлучивме дека е потребно да направам нова операција на коленото. Тажен сум бидејќи ќе го пропуштам Европското првенство ова лето со Германија.

– За првпат после долги години ќе бидам само фан од дома кој ја поддржува својата земја, се надевам дека ќе победиме! По летниот одмор, се надевам дека ќе играме пред фанови кога ќе се вратам на теренот. Ви благодарам за поддршката во оваа тешка сезона и останате здрави, – порача Тер Штеген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни