Поврзете се со нас

Шпанија

Тер Штеген: Ние очекуваме оваа сезона да ја завршиме, но се зависи…

Објавено

на

Првиот голман на Барселона, Марк Андре Тер Штетен истакна дека очекува оваа сезона во Примера да продолжи и победникот да биде решен на залениот терен.

Барселона во текот на оваа недела ги одработи првите тренинзи по двомесечна пауза поради коронавирусот. Германецот е среќен што повторно е на теренот, но притоа посочува дека последниот збор за тоа дали кампањата ќе се врати ќе го имаат властите, владата во Шпанија.

-Во петокот конечно започнавме со индивидуални тренинзи во тренинг центарот. Одлично е што се вративме на работа. Сите очекуваат да ја завршиме сезоната, но секако зависиме од упатствата на владата. Ќе направиме се што е можно за да ги почитуваме и да ги следиме. Јас едвај чекам повторно да играм на натпреварите. Кога тоа ќе го соопштат, јас ќе бидам таму, иако можеби ќе треба подготовка да се вратам во кондиција.

-Вие не можете да ја споредите индивидуалната работа што ја работевме дома со специфичната работа на теренот, но дајте ми ја топката и ќе се обидам да го искористам најдоброто од ситуацијата, -порача Тер Штеген.

Како можен датум за враќање на фудбалот во Шпанија се споменува 12 јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни