Тер Штеген: Можеме да се подобриме и тоа сигурно ќе го направиме

ter stegen

Барселона има големи проблеми во гостинските мечеви во оваа сезона, а уште еден доказ за тоа беше вчерашниот меч против Валенсија.

Актуелниот шпански шампион одигра под нивото, направи многу грешки кои домаќинот знаеше како да ги искористи и обезбеди победа од 2-0. Ова дефинитивно значи дека пред новиот тренер Кике Сетиен е доста работа, но останува отворено прашањето дали тој ќе може во следниов период да ги постави работите како што треба, односно дали Барса ќе остане конкуретна за сите трофеи до крјаот на кампањата.

Самиот Сетиен истакна дека е задоволен од тоа што го видел на „Месталја“, а и самиот играчи се свесни за тоа ако се суди по изјавата на голманот Марк Андре Тер Штеген кој сепак верува дека тие сепак ќе се кренат и ќе се прикажат во вистинско светло во наредниот период.

-Мора да се подобриме во неколку делови. Овие ситуации се случуваат секоја сезона. Мора да продолжиме да работиме напорно на тоа што тренерот го бара од нас. Можеме да се подобриме и тоа ќе го направиме. Јас сум оптимист, -порача Германецот.

Facebook Коментари