Поврзете се со нас

Свет

Тер Штеген кратко објасни зошто прифатил да ја носи „единицата“ на Нојер

Објавено

на

Марк Андре Тер Штеген брани во неверојатна форма оваа сезона и е убедливо најдобар голман во Ла Лига според бројките, бидејќи статистиката вели дека ја сочува својата мрежа во дури 19 наврати.

Германецот има примено само девет гола цела сезона и неговата самодоверба е на завидно ниво, а после долго време, дочека шанса да биде прв избор и во германската фудбалска репрезентација.

Причина за тоа е тешката повреда на Мануел Нојер кој заработи скршеница на ногата, но интересно за новинарите беше тоа што Тер Штеген за овој репрезентативен прозорец прифати да ја носи „единицата“ која всушност му припаѓа на неговиот колега.

– Ме прашаа дали сакам да ја носам „единицата“ и јас реков ДА. Тој дрес сега е за мене, но немам што повеќе да додадам. На крајот од денот, она што се брои се перформансите и прикажаната игра. Јас секогаш сум се борел да бидам број еден и ќе направам се за да дојдам до тоа.

– Се допишав со Нојер по неговата тешка повреда. Навистина се надевам дека рехабилитацијата му оди добро и дека ќе се врати брзо. Му го посакувам тоа како колега, пријател и долгогодишен соиграч, – изјави Тер Штеген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни