Поврзете се со нас

Шпанија

Тер Штеген ја спаси Барса од пораз, Араухо донесе драматична победа во 93. минута! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона одигра навистина лош и потпросечен натпревар на гостувањето во Сан Себастијан, па иако беше целосно надиграна и во подредена ситуација, на крајот успеа да победи на меч кој заслужи да го загуби.

Реал Сосиедад предводен од Иманол Алгуасил изгледаше навистина полетно и на моменти целосно го надигра фаворитот, но на крајот доби сурова казна за тоа што не реализираше ниту една од своите големи шанси.

Марк Андре Тер Штеген ја сочува својата мрежа и со шест одбрани спречи сигурен пораз на Барселона, а кога мечот влезе во самата завршница и кога се чинеше дека ќе дојде до поделба на бодовите, се случи она што често е случај во фудбалот.

Инфериорниот тим ја дочека својата шанса во 93-та минута, кога Гундоган мајсторски го проигра Араухо, а овој лукаво се прикраде и умешно биеше со глава за 0:1.

Иако судиите најпрво досудија офсајд, ВАР снимката покажа дека се работи за регуларна ситуација, па Барселона освои незаслужени, но големи три бода во битката за титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни