Поврзете се со нас

Шпанија

Тер Штеген ја испрати најнеобичната порака од соиграчите: Понекогаш имавме различно мислење…. (Фото)

Објавено

на

По почетниот молк во првите 12 часа, фудбалерите на Барселона почнаа да се збогуваат од својот капитен Лионел Меси, кој после 17 години во првиот тим на каталонскиот гигант, ќе тргне по друг пат и ќе искуси нешто ново во фудбалската кариера.

Барселона и Меси на крајот не потпишаа нов договор и стана јасно дека пропаѓаат во вода сите најави за нова долгогодишна соработка, а во низата на безброј емотивни пораки кои пристигнуваат од неговите соиграчи, доста големо внимание привлече необичната која ја испрати Марк Андре Тер Штеген.

Во изминатите две сезони, Тер Штеген беше убедливо најдобар играч на Барса покрај Меси, а во својата порака за поздрав до капитенот, нагласи дека понекогаш имале и доста различни мислења.

– Лео, беше вистинска чест да играм со тебе во овие изминати години и тоа што доживеавме толку убави задоволдства со титули. Иако понекогаш имавме различно мислење, секогаш одевме по истиот пат и секој од нас растеше како личност, без оглед на победите и поразите. Ти благодарам!

– Направи историја во клубот на твојот живот и си одиш како вистинска фудбалска легенда, достигнување до кое никој нема да може да се приближи, ти го смени фудбалот. Ти посакувам се најдобро на тебе и твоето семејство во она што ви претстои, – порача Тер Штеген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни