Тер Штеген ја искоментира неочекуваната тренерска смена во Барселона

terstegen-topka

Раководните структури на Барселона за првпат после 17 години отпушија еден тренер кој го водеше првиот тим, а одлуката беше доста неочекувана ако се знае дека Бартомеу и одговорните луѓе од Управниот Одбор му искажуваа неизмерна доверба на Ернесто Валверде пред Суперкупот во Шпанија.

Сепак, поразот од Атлетико во полуфиналето се покажа како пресуден момент за Валверде на „Камп Ноу“, па така по две и пол години го напушти кормилото на тимот со кој освои две титули во Ла Лига по една во Суперкупот и Копа дел Реј. Валверде го остави тимот како првопласиран на табелата во Примера, а на негово место беше доведен Кике Сетиен кој дефинитивно се разликува од Ернесто по фудбалската филозофија и стилот на игра кој го негува.

– На прво место и пред се, сакам да му се залагодарам на Ернесто Валверде, тој заврши голема работа за нас изминативе години и затоа ја заслужува цела почит која ја доби од нас играчите. Сега имаме нов тренер кој се обидува да промени неколку работи. Секој тренер си има свои идеи, а наше е само да слушаме и да се обидеме да одговориме најдобро на она што се бара од нас. Се надевам дека ќе ни оди добро, – изјави Тер Штеген на денешната церемонија на која го доби фер-плеј признанието од Агрупацијата на Барселона.

Facebook Коментари